Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Најнови вести Сите вести
Натпревари - Основно школо

ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ОСНОВНО 2016/2017 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ
ВО прилог се 
   ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРИ_ОПШТИНСКИ И РЕГИОНАЛЕН    види тука
и  
   ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРИ_ДРЖАВЕН                                       види тука
во основното образование во учебната 2016/2017 година. Истите настанаа по долгата јавна расправа која се одвиваше по електронски пат. На сите ПРОФЕСОРИ од основното образование СММ им се заблагодарува за учеството во истата, посебно за одличните предлози кои ги добивме. Бројот не беше мал. 
   Секако дека ова е најтешката задача на СММ во оваа учебна година и прв пат во историјата на Македонија се постапува на овој начин . Сепак СММ заедно со наставниците направи натчовечки напори да создаде теми за натпревари во основното образование во учебната 2016/2017 година, а во исто време да се безбеди пат за надградба на учениците за да тие бидат успешни на меѓународен план и успешно да можат да се вклучат во меѓународната распределба на трудот а со тоа и на капиталот. Секако заради турбулентноста на времето во кое живееме, тие(темите) ќе се сменат за наредните учебни години. Најважно сега е истите ВНИМАТЕЛНО ДА ПРОЧИТААТ посебно во делот забелешки (причина за нивно менување во наредните учебни години). 
На сите ученици и професори им пожелуваме успешна година, како и претходните години, и да ни се повторат и оваа година вонсериските резултати кои нашите деца ги постигнуваат посебно на меѓународен план. 
   СММ како и претходните 67 години е отворена организација и предан партнер на образовниот систем на Република Македонија во делот на математичкото образование, посебно во делот во работата со учениците . Во таа смисла во секое време ќе ги разлгеда сите конструктивни и добронамерни предлози и идеи воопшто.  
Со почит Алекса Малчески
   

14/02/2017

Натпревари - Основно школо

ПИСМА ПОКАНИ ЗА УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2016/2017

ПОЧИТУВАНИ
Во прилог се писмата покани за учество на Регионалниот натпревар за учениците од средното образование во учебната 2016/2017 година
Регион   Скопје   види тука
Регион   Битола, Прилеп, Д.Хисар, Ресен   види тука    
Регион   Куманово, Кратово, Крива Паланка, Св. Николе, Пробиштип   види тука  
Регион   Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Маврово-Ростуше, Центар Жупа, Кичево, 
               Гостивар, Тетово   види тука 
Регион   Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Валандово, Богданци   види тука 
Регион   Струмица, Кочани, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Штип, Радовиш   види тука 
На сите учесници СММ им пожелува успех во целиот систем на натпревари за учениците од средното образование. 
Со почит Алекса Малчески

12/02/2017

Натпревари - Основно школо

АКТИВНОСТИ НА СММ ВО УЧЕБНАТА 2016-2017 ГОДИНА_БРОШУРА БРОЈ 4

ПОЧИТУВАНИ
Во прилог е брошурата број 4 за активностите на СММ во учебната 2016/2017 година. Нејзина содржина се 
-општински натпревар за учениците од основното образование 2016/2017-писмо покана
-регионален натпревар за учениците од основното образование 2016/2017-писмо покана
-МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ-писмо покана
-Мадитеранска математичка олимпијада-писмо покана
-Азиско пацифичка математичка олимпијада-писмо покана
БРОШУРА број 4 види тука
регистрациона форма за КЕНГУР 2017 види тука
Со почит Алекса Малчески


11/02/2017

Натпревари - Основно школо

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ
Општинскиот натпревар за учениците од основното образование во учебната 2016/2017 ќе се одржи на 25.02.2017 година. Во прилог е писмото покана за учество на натпреварот. 
ПИСМО ПОКАНА види тука
За општините за кои не е најдено училиште домаќин на натпреварот, истото дополнително ќе се определи во соработка со секторите за образование во соодветните општини до кои се испратени соодветни дописи. 
Со почит
Алекса Малчески 

08/02/2017

За нас

Сојузот на математичари на Македонија е здружение на граѓани математичари од Македонија, настанат со здруженија на граѓани, организирани во друштва на математичари во градовите од Македонија, заради усогласување и остварување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон негување популаризација и унапредување на математиката и нејзина примена.

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.