Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Најнови вести Сите вести
Натпревари - Основно школо

ОСТАВКА

ПОЧИТУВАНИ
Македонски математичари, македонски натпреварувачи по математика, почитувани ментори на натпреаврувачите, раководен кадар на училиштата во Република Македонија, општо граѓани на Република Македонија. Јас Алекса Стојан Малчески ве известувам дека поднесувам
            ОСТАВКА на местото претседател на СОЈУЗОТ на МАТЕМАТИЧАРИ НА
                                                     МАКЕДОНИЈА
Сојузот на математичари на Македонија го оставам во полна кондиција од сите аспекти на неговата работа. Се надевам дека наредното раководство со рационално работење,  како што тоа беше во претходните години,  ќе успее да ја одржи оваа престижна институција во Република Македонија на соодветно рамниште, од сите аспекти на нејзиното делување. 
Со почит 
Алекса Малчески

21/09/2018

Останато

МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН

ПОЧИТУВАНИ
Сојузот на математичари на Македонија во целост ги исполнува своите обврски према македонската математичка заедница и целокупната македонска јавност воопшто. Во тој контекст ве информираме дека од печат излегоа сите броеви на научното списание Математички Билтен. ВО прилог ги поставуваме насловните корици на истите броеви. 
број 1    види тука
број 2    види тука
број 3    види тука
број 4    види тука
број 5    види тука
Со почит
Алекса Малчески

21/09/2018

Натпревари - Основно школо

Tеми за натпревари во основното образование 2018/2019 година///Tеми за натпревари во средното образование 2018/2019 година///Правилници за натпревари

ПОЧИТУВАНИ
Следејќи ја традицијата на одржување на математичките натпревари во претходните години, на почеток на оваа учебна година ги определивме темите за натпреаври во основното и средното образование, исто како и во претходните години. Во прилог се темите за натпревари на ОПШТИНСКИ, РЕГИОНАЛЕН и ДРЖАВЕН натпревар за учениците од основното и средното образование. Согласно промените на наставните планови во нашиот образовен систем, СММ го задржува правото на промена на истите доколку за тоа се јави потреба. За истото ќе бидете навремено информирани. 
теми за натпревари за основно образование/Општински,Регионален натпревар  види тука
теми за натпревари во основното образование/Државен натпревар                       види тука
теми за натпревари во средното образование                                                           види тука
Заради комплетност на одржувањето на овие натпревари во прилог се и правилниците за одржување на овие натпревари. Доколку се јави потреба СММ го задржува правото на промена на овие правилници во текот на учебната година. 
правилник за натпревари во основно образовние     види тука
правилник за натпревари во средно   образовние     види тука
Со почит 
Алекса Малчески

21/09/2018

Списанија

НУМЕРУС 44_1, СИГМА 113

ПОЧИТУВАНИ
Од печат излегоа првите броеви на НАУЧНО-ПОПУЛАРНИТЕ списанија кои се во издание на СММ. Истите можете да ги порачат на стандарден начин како и претходните години. Ви пожелуваме пријатна работа.
списание СИГМА         види тука
списание НУМЕРУС    види тука
Со почит
Алекса Малчески

20/09/2018

За нас

Сојузот на математичари на Македонија е здружение на граѓани математичари од Македонија, настанат со здруженија на граѓани, организирани во друштва на математичари во градовите од Македонија, заради усогласување и остварување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон негување популаризација и унапредување на математиката и нејзина примена.

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.