Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

КОНЕЧНИ СПИСОЦИ РЕГИОНАЛЕН СРЕДНО-финална верзија

ПОЧИТУВАНИ
Сојузот на математичари на Македонија ги објавува списоците од општинскиот натпревар за средно образование што се одржа во општина Центар-Скопје. Недоразбирањата со општина Центар се надминати, и во текот на денешниот ден во демократска атмосфера се изврши комплетно прегледување на писмените работи, со запазување на сите законски и подзаконски процедури. Во прилог се списокот на освоени поени од страна на учениците, списокот на учесници на регионален натпревар за средно образование за регион Скопје. 
список поени на сите ученици     види тука
список на пласирани ученици за регионален натпревар од регион Скопје      види тука

СММ на сите ученици им се извинува за настанатите недоразбирања со општина Центар, со кои беа доведени во незавидна положба. 
СММ на сите ученици им посакува убав утрешен ден и секој ученик да го даде својот максимум на овој системски битен натпревар. 
Во останатите региони списоците се непроменети. 
Со почит 
АЛекса Малчески
претседател на СММ

16/02/2018

НАЈНОВА ВЕСТ-Општински натпревар основно образование

ПОЧИТУВАНИ
СММ објавува дека Општинскиот натпревар за учениците од основното образование 2018 година ќе се одржи во:
1.Општина Ѓорче Петров       во основно училиште  ОУ Страшо Пинџур
2.Општина Кисела Вода         во основно училипте   ОУ Партение Зографски
___________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ 
СММ објавува дека ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ без ПРОБЛЕМ ќе се одржи на 24.02.2018 година со почеток во 09:30 часот и во ОХРИД, како и во сите други општини. Се замолуваат сите заинтересирани внимателно да го следат овој сајт, за да не дојде до недоразбирања. На ден 23.02.2018 ќе биде објавено
1.место на одржување 
2.лице за контакт кое и ќе го спроведе натпреварот во целост. 
3. Сите останати детаљи и поединости
СММ напоменува дека натпреварот КЕНГУР, како и сите други натпревари ќе се одржи на ист начин како и општинскиот натпревар за учениците од основното образование и во ОХРИД. Следете ги податоците од сајтот на СММ, www.smm.com.mk
Со почит Алекса Малчески
претседател на СММ

18/02/2018

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР 2018-ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, 24.02.2018

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
Во прилог е писмото покана за Општинскиот натпревар во основото образование 2018. Општинскиот натпревар ќе се одржи на 24.02.2018 година во 64 општини. 
прилог:  писмо покана   види тука
Останатите општини за кои нема домаќин, во моментот кога ќе се обезбеди ќе бидат дополнително објавени на истиов сајт. 
Пријатна работа
Со почит 
Алекса Малчески
претседател на СММ

07/02/2018

КЕНГУР 2018

ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ, КОЛЕГИ и СИТЕ ИНТЕРЕСЕНТИ за УБАВА МАТЕМАТИКА
Како и секоја година така и оваа година се организира најпрестижниот натпревар во својата област КЕНГУР 2018 година. Ве покануваме сите заинтересирани преку своите школи да се пријават за овој натпревар. Пријавувањето трае до 01.03.2018 година. Во прилог е писмото покана, регистрациона форма за ученици и регистрациона форма за школи. 
регистрациона форма за училишта       види ТУКА
регистрациона форма за ученици         види ТУКА
писмо покана                                           види ТУКА
Со почит Алекса Малчески

05/02/2018

Страни: 123> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.