Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2017

ПОЧИТУВАНИ 
На 16.12.2017 година ќе се одржи традиционалниот математички натпревар ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2017. Време за пријавување на натпреварот е 10.12.2017 година(до 23:59). Секој пријавен учесник ќе добие официјално писмо покана за учество на натпреварот. Заради тоа, официјалното пријавување е задолжително. Правилата за учество на натпреварот се еднакви како и во претходните години. Истите ги постауваме и сега:
      услови за одржувањ ена натпреварот    види тука
Со почит АЛекса Малчески
претседател на СММ

15/11/2017

СИГМА 106 и СИГМА 107

ПОЧИТУВАНИ
Најновите броеви на научно-популарното списание СИГМА, т.е. неговите два наредни броја СИГМА 106 и СИГМА 107 се отпечатија. Секој заинтересиран може истите да ги порача на вообичаениот начин. Телефонски број на кој може да се бараат овие списанија е 075321093. 
Со почит 
Алекса Малчески
____________________________________________________________________________
Сојузот на математичари на Македонија ве известува дека во печат влезе првиот број за 2017 година од научното списание МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН.
Со почит АЛекса Малчески
претседател на СММ

04/11/2017

ПОШТА

Почитувани
На дена 20.10.2017 година испратена е пошта до сите школи во Република Македонија. Во пликот покрај другите работи има:
-Сертификат за акредитиран професор за натпревари по математика
-Брошура за активностите на СММ во оваа учебна година
-Сертификати од натпреварите по математика за учебната 2016/2017 година
и друго...
Ве молиме внимателно прочитајте го писмото кое е во секој плик. 
Брошура на активностите на СММ во 2017/2018 година      види тука
СЕ ЗАМОЛУВААТ СИТЕ СКОПСКИ УЧИЛИШТА СВОЈОТ ПЛИК ДА ГО ПОДИГНАТ ПРЕКУ ТАТЈАНА ШЕКУТКОВСКА (075 321093)
Со почит Алекса Малчески
претседател на СММ

21/10/2017

ДОДЕЛУВАЊЕ НА МЕДАЉИ

На ден 27.10.2017 година Сојузот на математичари на Македонија ќе изврши свечено делување на медаљите од Иранската геометриска олимпијада. Се покануваат сите учесници кои освоиле медаљи и сите учесници кои освоиле пофалница (решиле цела задача од тестот) да присутвуваат на овој свечен чин за македонската математика. Се покануваат и сите други активни чинители да присутвуваат на овој настан. Свеченото доделување ќе се одржи во 12 часот во просториите на Машинскиот факултет-Скопје. 
Со почит 
Алекса Малчески
Претседател на СММ
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Се замолуваат колегите и сите останати од Република Македонија да ги читаат сите вести за кои се заинтересирани. За истото доволно е да го притиснат копчето ВЕСТИ и истите редоследно ќе се презентираат. 
Со почит 
Алекса Малчески

16/10/2017

Страни: 123> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.