Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

22-ра ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018

ПЕТ МЕДАЉИ-ПЕТ МЕДАЉИ-ПЕТ МЕДАЉИ
СММ како и претходните години, така и оваа година учествуваше на 22-рата Јуниорска БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА. Од шест учесници дури ПЕТ се освојувачи на БРОНЗЕНИ медаљи. ЧЕСТИТО-ЧЕСТИТО-ЧЕСТИТО.... СЛАВИ МАКЕДОНИЈО.... СММ како на освојувачите на медаљи, така и на сите олимпијци и сите ученици им го честита успехот и на сите им посакува успех и среќа на претстојните ОЛИМПИЈАДИ... Учеството на олимпијада се смета за чест на една земја, а посебно ако се освои медаља... Освоената медаља останува во вечноста на натпреварот, освојувачот и земјата од која тој доаѓа...
Учте еднаш  ЧЕСТИТО МАКЕДОНИЈО...
Со почит
Алекса Малчески

22/06/2018

35_та БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018

ДВЕ МЕДАЉИ-ДВЕ МЕДАЉИ_ДВЕ МЕДАЉИ
Во периодот од 07.05.2018 до 12.05.2018 година во Белград, Република Србија се одржа 35-тата БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА. Република Македонија на ова натпреварување учествуваше со своја екипа и освои две БРОНЗАНИ МЕДАЉИ и тоа Надежда Илиева и Никола Даневски. СММ на освојувачите на медаљите и на сите останати натпреварувачи им го честита успехот и на сите им посакува во наредниот период, и покрај пресилната конкуренција, на бројните олимпијади да освојат што повеќе медаљи. Секоја медаља останува во вечноста на натпреварот, освојувачот и земјата од која доаѓа. 
Уште еднаш ЧЕСТИТО ОЛИМПИЈЦИ.
Со почит
Алекса Малчески

22/06/2018

ОДЛИЧЕН УСПЕХ-Олимпијада по ФИНАНСИСКА МАТЕМАТИКА и АКТУРАСТВО

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
СММ им го честита успехот на нашите олимпијци од олимпијадата по ФИНАНСИСКА МАЕМАТИКА и АКТУАРСТВО. Три сребрени медаљи, три бронзени медаљи и шест пофалници. ОДЛИЧНО. Нека ни се ножат успесите во наредните години. Истите ученици се покануваат на свеченото доделување на медаљите на 27.06.2018 година на Машински факултет. Во прилог се резултатите од двете категории, онакви какви што ги добивме и списокот на нашите ученици со освоените медаљи. 
список 9 одделение            види тука
список 10-12 одделение     види тука
успеси на Македонија         види тука
Со почит
Алекса Малчески
___________________________________________________________________________
СЕРТИФИКАТИ И ДИПЛОМИ_ПОДИГАЊЕ

Почитувани колеги

Ве известуваме дека заврши процесот на изработка и распоредување на вашите одличја од овогодишните натпревари. Сакме да ве известиме дека заврши и процесот на ДОСТАВУВАЊЕ НА ваши реакции по изработените одличја. СММ повеќе не прифаќа никакви реакции на изработените дипломи и сертификати. 
НАЧИН НА ПОДИГАЊЕ НА ОДЛИЧЈАТА
1. Одличјата се подигаат во текот на месец јуни, секој работен ден во периодот од 12:00 до 13:30 часот во просториите на СММ почнувајќи од 06.06.2018. 
2.Секој што има специјални барања мора да се јави на телефонот 075321093 и специјално да се договори околу нашинот на подигање. 
3.Секоја школа мора да определи лице кое ќе ги подигни материјалите. При подигањето мора да има лична карта за да се евидентира. 
4.Секој подигач на материјалите мора да пополни и потпиши лист со кој се докажува дека ги извршил дејствијата. 
По спроведување на целата постапка СММ не сноси никакви одговорности за материјалите што се подигнати.  
Со почит 
Алекса Малчески

18/06/2018

ДОДЕЛУВАЊЕ НА МЕДАЉИ ЗА 2018 година

ПОЧИТУВАНИ
Олимпијци, колеги, родители, роднини, и цела државна заедница. СММ ве известува дека на ден 27.06.2018 година со почеток во 12 часот во просториите на Машинскиот факултет ќе изврши доделување на медаљите на сите учесници од овогодишните олимпијади, а кои не се доделени. СММ ги поканува сите горенаведени да присуствуваат на овој свечен чин, кој е единствен во Република МАКЕДОНИЈА од областа на математиката. 
Во истиот ден и термин ќе се изврши и доделувањето на медаљите од овогодишниот најпрестижен куп од ЛОГИЧКИ КАРАКТЕР којсе одржа во нашата земја, ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР 2018 година. Се покануваат сите ученици на овој натпревар, кои не ги примиле своите медаљи, да присуствуваат и да ги примнат своите одличја. 
Со почит
Алекса Малчески
Претседател на СММ

12/06/2018

Страни: ‹ First <23456> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.