Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2014/2015 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ
На 28.03.2015 година во 22 региони ќе се одржи Регионалниот натпревар за учениците од основното образование. Во прилог е писмото покана за истиот во кој се содржат домаќините на овој натпревар. Листите со учесници на оваа страна дополнително ќе бидат објавени. Писмо покана: види тука

12/03/2015

SEEMOUS 2015

Математичката олимпијада за студенти на Југоисточна Европа, еквивалент на БМО и ЈБМО по својот обем, се одржа во периодот од 03.03.2015 година до 08.03.2015 година во Охрид. Домаќин и организатор на истата беше Сојузот на математичари на Македонија(СММ). Со тоа СММ во неполни девет месеци беше домаќин и организираше три големи меѓународни настани (еден конгрес и две олимпијади). Организацијата на SEEMOUS 2015, е добиена од бордот на MASSEE, каде СММ е основач. Укажаната доверба СММ потполно ја оправда, благодарејќи на неговите волонтерите, како членови на Организациониот одбор, членови на жирито, членови на тимот за координација и членови на Комитетот за селекција на проблеми. Олимпијадата се изведе, како и досега, достигнувајќи ги високите меѓународни стандарди. На олимпијадата беа присутни 118 странски гости и 30 членови на СММ. Успехот на студентите учесници на натпреварот може да се види на страната 
     seemous2015.smm.com.mk 
За успехот на манифестацијата секако голем допринос даде Хотелот Метропол, високиот професионализам на неговите вработени, како и на Хотелот Гарден, и сите други ангажирани лица кои не се членови на СММ. СММ во оваа прилика искрено им се заблагодарува. 
Претседател на СММ
Алекса Малчески

12/03/2015

МЕЃУНАРОДЕН МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР

ПОЧИТУВАНИ
Ве информираме дека единствени валидни информации за работата на меѓународната асоцијација Kangourou sans frontieres можете да ги погледнете на web-порталот 
    aksf.org
кој е во нејзина сопственост. Меѓународната асоцијација Kangourou sans frontieres се одлучи на отворање на ваков портал заради елиминирање на недоразбирањата кои се појавуваат со одржување на овој натпревар, а кои се поврзани со правилата и одговорните лиценцирани лица за реализација на натпреварот во одделните земји. На оваа страна се дадени порталите од многу од земјите членки на оваа организација за работењето на асоцијацијата, што значи дека информациите добиени и од овие портали можете да ги сметате за валидни. Ве молиме останатите портали, меѓу кои и неколку македонски, и информации кои се наоѓаат на нив да ги игнорирате. 
Со почит
Алекса Малчески
претседател на СММ

11/03/2015

Резултати од вториот Општински натпревар за учениците во основното образование во учебната 2014/2015_ТРЕТ ДЕЛ

Во прилог се резултатите од вториот Општински натпревар за учениците од основнто образование кој се одржа на 28.02.2014 година. ТРЕТ ДЕЛ 
Берово          Гостивар         Скопје-Илинден        Чашка         Кратово         Конче
Скопје-Ѓорче Петров           Маврово_Ростуше    Петровец    Старо Нагоричане

16/03/2015

Страни: ‹ First <6970717273> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.