Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

Резултати_регионален_натпревар_основно_образование_2015_по_региони

На 28.03.2014 година во 22 региони во Република Македонија се одржа Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование. Постигнатите резултати, масовноста на учеството сами зборуваат за стручноста на менторите, одличната организираност на училиштата во припремата за натпреварот, како на оние кои беа домаќини така и на оние кои беа само учесници. СММ искажува благодарност на раководните лица на училиштата учесници на натпреварот. Бројот на членови на Комисиите за преглед и оцена ја покажува посветеноста наставниците на работата со надарените ученици за математика. Токму тоа е основата на долгото одржување на нашите репрезентаци на солидни позиции во меѓународните натпревари, иако сме земја со мал број на жители и работиме во екстремно скудни финансиски услови.
Резултати од регионалниот натпревар по математика по региони:
Регион Берово, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица види тука
Регион Дебар, Центар Жупа, Маврово Ростуше види тука
Регион Гевгелија, Дојран, Валандово, Богданци види тука
Регион Кочани, Виница, Зрновци, Чишиново-Облешео види тука
Регион Крива Паланка, Кратово, Ранковце види тука
Регион Охрид, Белчишта види тука
Регион Битола, Ресен, Могила, Новаци, Демир Хисар  види тука
Регион Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија види тука
Регион Струга, Вевчани види тука
Регион Струмица, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово, Конче види тука
Регион Тетово, Врапчиште, Јегуновце види тука
Регион Велес, Градско, Свети Николе, Чашка, Лозово види тука
Регион Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Долнени, Кривогаштани види тука
Регион Штип, Пробиштип, Карбинци види тука
Регион Гостивар, Боговиње, Врапчиште види тука
Регион Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Орашец, Клечовце види тука
Регион Скопје-Центар види тука
Регион Скопје-Кислеа Вода, Аеродром, Зелениково, Студеничани, Сопиште види тука
Регион Скопје-Гази Баба, Илинден, Петровец  види тука
Регион Скопје-Карпош, Ѓорче Петров, Сарај види тука
Регион Скопје-Чаир, Бутел, Чучер Сандево, Шуто Оризари види тука

02/04/2015

ПОТВРДИ МЕНТОРИ СРЕДНО-ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР 2015

Почитувани
Во прилог се потрвдите за менторство на Државниот натпревар во средното образование 2015. (види тука)Ве замолувам секој ментор индивидуално да ја прегледа својата потврда и евентуланите забелешки да ги достави на адреса natprevari.smm@gmail.com. 
Со почит 
Алекса Малчески

31/03/2015

МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015

Почитувани
Македонската математичка олимпијада 2015(за учениците од средното образование) ќе се одржи на 04.04.2015 година во просториите на Универзитетот ФОН. Почетокот на натпреварот е во 10 часот. Учесници на натпреварот се следните ученици види тука. Се замолуваат учениците да ги почитуваат инструкциите од логираното писмо покана. 
На натпреварот, на вообичаен начин како и претходните години ќе се бира екипа за IMO 2015 која оваа година се одржува во Тајланд, како и екипа за BMO 2015  која оваа година се одржува во Атина, Грција. Единствени валидни информации за IMO 2015 можете да погледнете на страната 
      http://www.imo-official.org  
Информации од други сајтови се невалидни. Информации за BMO 2015 можете да погледнете на страната на MASSEE  
      http://www.massee-org.eu/
Информациите од други извори се неточни или делимично точни или нецелосни. 
Со почит
Алекса Малчески

24/03/2015

ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП_ФИНАЛНО

Конечно финишира Европскиот математички куп. Македонија има два сребрени медаљи, шест бронзени медаљи и шест пофалени ученици(повеќе види тука). Успехот е голем заради рангот на натпреварот и бројот на освоени медаљи(повеќе од полловина од нашите натпреварувачи освоија одличја). СММ им го честита успехот и на наредниот EMC им посакува на потенцијалните учеесници уште подобар успех и пласман. 

24/03/2015

Страни: ‹ First <7374757677> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.