Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

АКТИВНОСТИ НА СММ ВО УЧЕБНАТА 2014-2015 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ
Оваа година, како и минатата година, во СММ се одлучивме да се изработат брошури со активности на СММ кои се спроведуваат во текот на годината. ВО прилог е првата од нив, во која е и ОФИЦИЈАЛНАТА ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ. Се надеваме дека ова ќе ја олесни и комуникацијата и организираноста поврзана со активностите на СММ. Брошура (види: тука)

18/12/2014

УЧЕСНИЦИ НА 3-ОТ ЕВРОПСКИ_МАТЕМАТИЧКИ_КУП

Почитувани
Заврши пријавувањето за учество на 3-от Европски Математички Куп. Се пријавија вкупно 50 натпреварувачи кои се од листите на минатогодишните ММО 2014 и МММО 2014(види листи).
        Листа на пријавени натпреварувачи од МММО (види тука)
        Листа на пријавени натпреварувачи од ММО (види тука)
На EMC 2015(Европски математички куп) учествуваат првите 15 натпреварувачи од секоја од листите одделно
.
        Листа на учесници на EMC (види тука)
Натпреварувачите учесници на EMC 2015 во 8 часот и 30 минути да бидат во холот на Машинскиот факултет-Скопје на 14.12.2014 година. 
Ова е најголем број на учесници од Република Македонија на натпреварување од ваков тип. Им благодариме на Хрватските математичари кои ова ни го овозможија. 
Сојузот на Математичари го задржува правото на промена на натрпеварувач/и според единствената ранг листа од пријавени кандидати, доколку некој од учесниците кои се на листата на учесници на EMC го откаже своето учество до почетокот на натпреварот. 

30/12/2014

EUROPEAN MATHEMATICAL CUP (EMC)

Почитувани
Рокот за пријавување за учество на Европскиот математички куп, го продолжуваме за два дена, па така рокот за пријавување е 10.12.2014 година до 22 часот. Истиот ден, до 24 часот, според правилата за одржување на натпреварот ќе биде објавена листата на учесници на EMC. До сега се пријавени 21 ученик а веруваме дека тој број ќе биде максимален 30(на последната бројка ќе се додадат плус учениците со ист број на поени), со што натпреварот ќе биде меѓународен натпревар на кој учествувале најголем број македонски ученици во историјата на СММ. 
Ваквата ситуација настана заради објективни услови(државни неработни денови, државни празници), па веруваме дека писмото покана кое е испратено минатата недела се уште не сте го добиле. Со овој чин веруваме дека за сите ученици од Република Македонија обезбедуваме еднакви услови за натпревар, што е мисија, мото на СММ. 
Со почит 
Претседател на СММ
Алекса Малчески

08/12/2014

ЕВРОПСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА ЗА УЧЕНИЧКИ

ЕВРОПСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА ЗА УЧЕНИЧКИ(EGMO)
Почитувани
Се зголеми листата на учества на СММ на најпрестижните математички натпревари во светот. 
ОД оваа година СММ со екипа од четири ученички која воедно е репрезентација на Република Македонија е редовен учесник на Европската математичка олимпијада за ученички (EGMO; правила на учество, види: http://www.egmo.org/egmos/egmo4/regulations/), регистрација види: https://www.egmo.org/registration/2015/
Оваа година EGMO 2015 ќе се одржи во преубавиот главен град на Република Белорусија, Минск. 
Република Македонија со комплетна репрезентација (според правилата на EGMO) ќе учествува на овој натпревар. Секако тоа е од големо значење за изградба на млади кадри како од математиката така и од други области.  
Екипата се состои од четири ученички и ќе се бира според резултатите од системот на натпревари кој е во организација на СММ. 
Понатамошни информации и упатства за натпреварот ќе следуваат на страните на СММ:
     www.smm.org.mk
     www.smm.com.mk
како и на официјалните гласила на СММ: СИГМА и НУМЕРУС
   Со почит, 
   претседател на СММ
   Алекса Малчески 

04/12/2014

Страни: ‹ First <7980818283> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.