Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ЕВРОПСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА ЗА УЧЕНИЧКИ

ЕВРОПСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА ЗА УЧЕНИЧКИ(EGMO)
Почитувани
Се зголеми листата на учества на СММ на најпрестижните математички натпревари во светот. 
ОД оваа година СММ со екипа од четири ученички која воедно е репрезентација на Република Македонија е редовен учесник на Европската математичка олимпијада за ученички (EGMO; правила на учество, види: http://www.egmo.org/egmos/egmo4/regulations/), регистрација види: https://www.egmo.org/registration/2015/
Оваа година EGMO 2015 ќе се одржи во преубавиот главен град на Република Белорусија, Минск. 
Република Македонија со комплетна репрезентација (според правилата на EGMO) ќе учествува на овој натпревар. Секако тоа е од големо значење за изградба на млади кадри како од математиката така и од други области.  
Екипата се состои од четири ученички и ќе се бира според резултатите од системот на натпревари кој е во организација на СММ. 
Понатамошни информации и упатства за натпреварот ќе следуваат на страните на СММ:
     www.smm.org.mk
     www.smm.com.mk
како и на официјалните гласила на СММ: СИГМА и НУМЕРУС
   Со почит, 
   претседател на СММ
   Алекса Малчески 

04/12/2014

ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП

ПОЧИТУВАНИ
Согласно член 4 од правилникот за одржување на натпревари во средното образование, како и член 4 од Правилникот за одржување на натпревари во основното образование, СММ одлучи оваа година да го организира престижниот математички натпревар ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП(European Mathematical Cup; EMC). 
Со овој чин, се овозможува на поглем број од листата на  учесници на ММО 2014 и ЈММО 2014 да земат учество на реномирани меѓународни натпревари (од секоја листа според пласманот ќе се изберат по 15 натпреварувачи). 
Техничките стандарди под кои ќе се спроведе EMC се еднакви на техничките стандарди под кои спроведува IMO. 
Правилата под кои се спроведува EMC се пропишани од страна на организаторот и СММ потполно ги прифаќа. СММ ја користи можноста за воведување на дополнителни правила, како локален организатор, а се однесуваат само на територијата на Република Македонија. 
НАГРАДИТЕ СЕ МЕЃУНАРОДНИ.
правилник EMC(види овде)
покана за учество_дополнителни правила(види овде
задачи и решенија од прв и втор европски математички куп(види овде)

04/12/2014

Правилници за одржување на натпревари во основното и средното образование

ПOЧИТУВАНИ
Ве информираме дека правилниците за организирање на натпревари во основното и средното образование се јавно објавени на страната на СМM:www.smm.coim.mk, како вест од ден 06.03.2014. година. Во оваа вест повторно ги објавуваме истите за да бидат достапни за секого во секое време:

-Правилник за организирање и изведување на натпревари по математика во основно образование(види тука)

-Правилник за организирање и изведување на натпревари по математика во средното образование(види тука)

04/12/2014

Книга со апстракти од 5-от конгрес на математичарите на Македонија

На страната е поставена Книгата со апстракти од 5-от конгрес на математичарите на Македонија, како СЛОБОДНО ИЗДАНИЕ. Истата може да се најде во делот книги. 

20/11/2014

Страни: ‹ First <8182838485> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.