Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

Книги за натпревари

Од печат излезе книгата Меѓународен натпревар Кенгур, 1,2,3 одделение. Истата може да се види тука како и во галеријата од книги во делот книги од оваа страна. 

06/09/2014

Нова книга

Од печат излезе книгата Натпревари по математика 2006 2013 година(основно образование).. Повеќе види тука и во делот книги од оваа страна. 

03/09/2014

Прв број Нумерус 2014_2015 година

Излезе првиот број на Нумерус за учебната 2014_2015 година. Како и досега, списанието Нумерус е наменето за подготовка на учениците од основното образование за како домашните натпревари по математика кои се во организација на СММ, така и за меѓународните натпревари, каде конкуренцијата е се поизразена. Но, во списанието согласно неговата намена има многу интересни содржини и за поголем број на читатели кои се љубители на математиката. Содржината на првиот број можете да ја видете тука

03/09/2014

Натпревари по МАТЕМАТИКА 2014

Во СММ се изработија: дипломите, пофалниците и потврдите за менторство за вкупниот систем на натпревари од учебната 2013/2014 година(општински, регионален, државен натпревар, македонски математиќки олимпијади 2014 и Меѓународниот натпревар Кенгур 2014 година). Истите, за училиштата кои не се на територијата на Скопје се дистрибуирани со брза пошта и ќе пристигнат во текот на утрешниот ден. Од наставниците кај кои се испратени материјалите на текот на утрешниот ден ќе можете да ги подигнете. 
Во текот на утрешниот ден ќе може да ги пратите најновите настани поврзани со ЈБМО 2014 година кој ќе се одржи во Охрид, 21.06-26.06 на страната 
     http://www.jbmo2014.smm.com.mk/
На репрезентативците од нашите екипи да им пожелиме успех и добар пласман. 

09/06/2014

Страни: ‹ First <8586878889> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.