Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

Правилници за одржување на натпревари во основното и средното образование

ПOЧИТУВАНИ
Ве информираме дека правилниците за организирање на натпревари во основното и средното образование се јавно објавени на страната на СМM:www.smm.coim.mk, како вест од ден 06.03.2014. година. Во оваа вест повторно ги објавуваме истите за да бидат достапни за секого во секое време:

-Правилник за организирање и изведување на натпревари по математика во основно образование(види тука)

-Правилник за организирање и изведување на натпревари по математика во средното образование(види тука)

04/12/2014

Книга со апстракти од 5-от конгрес на математичарите на Македонија

На страната е поставена Книгата со апстракти од 5-от конгрес на математичарите на Македонија, како СЛОБОДНО ИЗДАНИЕ. Истата може да се најде во делот книги. 

20/11/2014

Стари броеви на математичкото списание СИГМА

ПОЧИТУВАНИ
На страната на СММ како СЛОБОДНИ ИЗДАНИЈА ќе бидат објавувани стари броеви на Сигма за кои ќе се обезбеди соодветен електронски запис. Со ова ќе се обезбеди достапност на нестандардни математички содржини кои ги има во списанието, а кои се корисни во припремата на учениците за натпревари. Се надеваме дека ваквите изданија ќе придонесат за изградба на квалитетни млади математички кадри. 
Во ваквите изданија нема да се содржат решенијата на задачите од некои рубрики за кои се веќе оформени соодветни збирки кои се издадени или не се издадени. 
     

04/11/2014

9-та меѓународна математичка олимпијада за студенти SEEMOUS

Почитувани колеги и студенти,
Во периодот од 03.03.2015-08.03.2015 ќе се одржи 9-тата меѓународна студентска олимпијада SEEMOUS2015, во Охрид, Р. Македонија, чиј организатор оваа година е Сојузот на математичарите на Македонија. Ве каниме да учествувате на овој престижен студентски натпревар со тим од вашиот универзитет. Сите инфорамации  во врска со SEEMOUS2015 можат да се најдат на интернет-страницатаwww.seemous2015.smm.com.mk Инфорамцијата за Олимпијадата може да се види и на интернет-страницата на MASSEE (Mathematical Society of South Eastern Europe):http://www.massee-org.eu/index.php/mathematical/seemous


Со почит,Алекса Малчески
Претседател на СММ

05/11/2014

Страни: ‹ First <9596979899> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.