Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

БРОШУРА БРОЈ ДВА-активности на СММ во учебната 2017/2018 година

ПОЧИТУВАНИ
ВО прилог е брошурата број 2 за АКТИВНОСТИТЕ НА СММ ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 година. ВО неа се писмата покани за 
-АПМО 2018 година                        13.03.2018 година
-КЕНГУР 2018 година                     15.03.2018 година
-Регионален средно 2018 година  17.02.2017 година
ВО истата има и активности поврзани со МАТЕМАТИЧКИТЕ ОЛИМПИЈАДИ во 2018 година. 
Се надеваме дека истата ќе предизвика ваше внимание.
брошура број 2  ВИДИ ТУКА 
Со почит 
АЛекса Малчески
Претседател на СММ

06/02/2018

УЧЕСНИЦИ НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2018

ПОЧИТУВАНИ
Во прилог се списоците на учесници на Регионалниот натпревар за учениците од средното образование 2018. 
регион БИТОЛА-ПРИЛЕП           види  тука
регион ВЕЛЕС-КАВАДАРЦИ      види  тука
регион СТРУМИЦА-ШТИП         види  тука
регион КУМАНОВО-КРАТОВО   види  тука
регион ОХРИД-ТЕТОВО             види  тука
регион СКОПЈЕ                           види  тука
Во прилог е писмото покана за учество на Регионалниот натпревар за учениците од средното образование 2018. 
писмо покана    види тука
СММ на сите учесници им го честита пласманот и им пожелува успех на Регионалниот натпревар 2018. 
СММ ги задржува правата за промена на списоците согласно одредбите на правилникот за натпревари во средното образование.
Со почит 
Алекса Малчески

16/02/2018

НЕДЕЛА НА МАКЕДОНСКАТА МАТЕМАТИКА

ПОЧИТУВАНИ
Периодот од 12.03.2018 до 18.03.2018 година е НЕДЕЛА НА МАКЕДОНСКАТА МАТЕМАТИКА. Во оваа недела ќе се одржат три големи настани и тоа:
-АПМО 2018         види писмо покана   со печат     без печат 
-КЕНГУР 2018      види писмо покана   со печат     без печат
-ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2018
Нека македонските олимпијци се борат на АПМО 2018 година, меѓународна олимпијада со највисок рејтинг во светот. Нека македонските олимпијци се натпреваруваат во друштво на учениците од повеќе од 50 земји, меѓу кои и најсилните во светот КИНА, САД, ЈАПОНИЈА, ЈУЖНА КОРЕА, АВСТРАЛИЈА; ХОНГ-КОНГ, СИНГАПУР, ФИЛИПНИ, МАЛЕЗИЈА, РУСИЈА и редица други
Нека македонските ученици бидат дел од најпрестижниот и најсилниот меѓународен натпревар со изразито ЛОГИЧКИ КАРАКТЕР. Нека нашите ученици бидат дел од учениците од преку 70 земји во светот и преку 6 милиони натпреварувачи. Голем успех на сите наши натпреварувачи...
Нека нашите најдобри средношколци ги одмерат силите на еден од најпрестижните локални натпревари и нека чесно изборат место во нашата олимпијада: Македонска математичка олимпијада 2018. 
Со почит Алекса Малчески

31/01/2018

НУМЕРУС 43_3

 ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ, ПРЕТПЛАТНИЦИ НА НУМЕРУС И ЉУБИТЕЛИ НА ДОБРАТА МАТЕМАТИКА
Од печат излезе третиот број 43_3 од научно популарното математичко списание НУМЕРУС. Во наредните денови очекувајте го да пристигне на вашите адреси. 
Со почит Алекса Малчески
____________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ
Книгата 
      GEOMETRY OF COMPLЕX NUMBERS
е испратена на вашите домашни адреси. Истата очекувајте ја да пристигне во вашите домови до крајот на неделава. 
Со почит Алекса Малчески

29/01/2018

Страни: <1234> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.