Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ИНФОРМАЦИЈА ОД АДМИНСТРАТИВН-ТЕХНИЧКИ КАРАКЦТЕР-ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ_ДОМАЌИНИ

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ, УЧЕНИЦИ, почитувана македонска јавност
Заради комплетност на податоците во прилог го истакнуваме списокот на општини и училишта кои организираат натпревар по математика за учениците од средното образование. 
список       види тука
СММ посебно сака да им заблагодари на општините БИТОЛА, СТРУМИЦА; СКОПЈЕ-КАРПОШ, СТРУГА и ГЕВГЕЛИЈА и посебно на училиштата: ЈАХЈА КЕМАЛ-КАРПОШ, ЈАХЈА КЕМАЛ-СТРУМИЦА, ЈАХЈА КЕМАЛ-СТРУГА, ТАКИ ДАСКАЛО-БИТОЛА и ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ СВЕШТАРОТ-ГЕВГЕЛИЈА заради тоа што обезбедија во нивните средини да се организира овој најпрестижен натпревар во Република Македонија иако е од најнизок ранг. СММ на сите учесници им посакува пријатна работа и добар успех. 
СО почит
Алекса Малчески
административно техничко лице при СММ

24/01/2019

ИНФОРМАЦИЈА ОД АДМИНСТРАТИВН-ТЕХНИЧКИ КАРАКЦТЕР-ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Почитувани колеги
СММ ве известува дека процесот на припрема на Општинскиот натпревар за учениците од средното образование е во завршна фаза. СММ ги повикува претставниците на општините 
                Крушево, Охрид, Македонски Брод, Штип, Центар-Скопје, Кичево,
            Скопје-Кисела Вода,Скопје-Гази Баба, Скопје-Бутел, Скопје Аеродром

доколку имаат намера да направат натпревар, да се обратат директно кај претставникот на СММ, (075321093) и да најдат начин да го подигнат својот спремен пакет за натпревар. Истиот треба да го реализираат. 
Со почит 
админстративно техничко лице при СММ

24/01/2019

ИНФОРМАЦИЈА ОД АДМИНСТРАТИВНО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР

ПОЧИТУВАНИ ученици, колеги, граѓани на Република Македонија
СММ ве информира дека Општинскиот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи на 26.01.2019 година. Во прилог е писмото покана за учество на овој натпревар кој е од суштински карактер во натпреварите за учесниците од средното образование. 
писмо покана       види тука
Писмото покана во текот на утрешниот ден ќе биде дистрибуирано до школите од република Македонија преку компанијата Македонски пошти.
Ве информирам дека според правилникот за натпревари при СММ, на Регионалниот натпревар се учествува само со пласман на овој натпревар, а дополнително право на учество имаат наградените ученици на минатогодишниот државен натпревар. Заради тоа, ги повикувам школите од општините кои не се на списокот на учесници да го преиспитаат својот однос како према СММ така уште повеќе кон учениците од средното образование. 
Со почит
Алекса Малчески
административно-техничко лице при СММ

20/01/2019

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019

АДМИНСТРАТИВНО-ТЕХНИЧКА ВЕСТ
ПОЧИТУВАНИ  колеги, ученици, граѓани на Република Македонија
Како граѓанско лице, застапник на СММ должен сум да го организирам Општинскиот натпревар за учениците од средното образование 2019, согласно законите и правилниците за работа во оваа сфера. Како што е веќе познато, натпреварот се организира во САБОТА, 26.01.2019 година. СММ во голема мера успеа до обезбеди домаќини за овој натпревар. Во прилог е списокот на училишта и ментори кои ќе бидат домаќини на оваа значајна манифестација за Република Македонија. 
список      види тука
Останатите општини кои немаат свои претставници во моментот на пишувањето на овој допис до вас, која како ќе се договори, може слободно да се приклучи на оваа манифестација до среда 23.01.2019 година до 12 часот на пладне(материјалите за сите 42 општини се веќе припремени и треба да се достават до организаторите на натпреварот). СО секоја пријава на нова општина ќе се логира на сајтот нов список на организатори. 
Темите за натпревари се веќе објавени во претходни меилови и ви препорачуваме да ги пребарате вестите заради ваша подобра информираност.  
Админстративно техничко лице при СММ


19/01/2019

Страни: <12345> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.