Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Олимпијади  |  ММО  |  Вести

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД 21_ТА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2014 ГОДИНА

НА 12.04.2014 година во просториите на Природно математичкиот факултет-Скопје се одржа 21-та Македоска математичка олимпијада (конечни резултати_види повеќе)

16/04/2014

МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015

Почитувани
Македонската математичка олимпијада 2015(за учениците од средното образование) ќе се одржи на 04.04.2015 година во просториите на Универзитетот ФОН. Почетокот на натпреварот е во 10 часот. Учесници на натпреварот се следните ученици види тука. Се замолуваат учениците да ги почитуваат инструкциите од логираното писмо покана. 
На натпреварот, на вообичаен начин како и претходните години ќе се бира екипа за IMO 2015 која оваа година се одржува во Тајланд, како и екипа за BMO 2015  која оваа година се одржува во Атина, Грција. Единствени валидни информации за IMO 2015 можете да погледнете на страната 
      http://www.imo-official.org  
Информации од други сајтови се невалидни. Информации за BMO 2015 можете да погледнете на страната на MASSEE  
      http://www.massee-org.eu/
Информациите од други извори се неточни или делимично точни или нецелосни. 
Со почит
Алекса Малчески

24/03/2015

МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015-КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ

ПОЧИТУВАНИ
На 04.04.2015 година во Универзитетот ФОН-Скопје, се одржа Македонската математичка олимпијада 2015, за учениците од средното образование. По бројот на учесници најголема досега, што и се покажа како оправдано, според постигнатите резултати. Иако условите во кои се одржа олимпијадата, традиционално се скромни, провејуваше, доминантна беше, како никогаш досега силно академска атмосфера од сите учесници на истата: професорите-ментори, натпреварувачите, родителите, комисиите. СММ им се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа ОЛИМПИЈАДА. Притоа се постигнаа одлични резултати, кои може да се видат тука
На истата, традиционално, на крајот на натпреварот беше избрана екипата која ќе не претставува на БМО 2015 и ИМО 2015 (учесниците може да се видат од поставениот список). СММ им посакува успеси на претстојните натпревари. 
Со почит 
Алекса Малчески

12/04/2015

БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2016

ПОЧИТУВАНИ
Во Тирана, Република Албанија во периодот од 05.05.2016 до 10.05.2016 ќе се одржи 33-тата Балканска Математичка Олимпијада. Република Македонија со комплетен тим на стандарден нашин ќе учествува. Изборот на екипата ќе се изврши по одржувањето на Македонската математичка олимипијада. При составувањето на екипата во предвид ќе се земат постигањата на натпреварувачите на овогодишниот циклус на натпревари во средното образование во Република Македонија, како и постигањата на учениците на сите меѓународни натпревари во организација на СММ од оваа учебна година. 
Со почит Алекса Малчески
Претседател на СММ

20/02/2016

Страни: 12>

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.